еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Дарко Поп Ацев за неговиот брат шампионот Евгениј: Успех недоволен за да има барем некаква помош од државата

Дарко Поп Ацев, брат на пливачот Евгениј Поп Ацев, кој ја освои третата титула шампион на светската серија на ултрамаратони на ФИНА за 2019 година, се огласи на неговиот фејсбук-профил, бидејќи успехот на Евгениј не е препознаен од никого.

„Дечково е три пати победник на Светската серија на ултрамаратони (2015, 2017, 2019). Успех недоволно вреден да се спомне на ниту една национална телевизија, успех непрепознаен од ниедна фирма, успех недоволен за да има барем некаква помош од државата.

Државата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не осетил и не видел, не знае колку пот и одрекувања се тоа. Е овој дечко сам си плаќа кај и да оди да не претставува, а нема ниту еден ден работен стаж, ниту здравствено и пензиско осигурување. Зошто? Затоа што решил да плива за Македонија. И како што го дал Господ го прави тоа без никаква помпа, одбивајќи да плива за друга држава.

Искрено ти се восхитувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе многу малку. Е ти си еден од нив“, напиша Поп Ацев на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук/Дарко Поп Ацев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради Бугарија договорот на Фронтекс со Македонија се уште не е потпишан

Редакција

(Фото) Како ќе изгледа спортската сала „Работнички“, која по 50 години ќе добие нов лик

Редакција

Убава вест: Оздравени шест лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница