еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дебар и Скопје во 4 фаза: Какви се проценките за ширење на коронавирусот во Македонија

Во Македонија според последните податоци 148 лица се заболени со коронавирусот.

“Според категоризацијата на ризикот од Светската здравствена организација (СЗО), се проценува дека: Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Скопје е исто во фаза 4, а останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

Како што е познато во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

На територијата на Македонија пак е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Од денеска дополнителни мерки се спроведуваат во Општина Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Колку од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронични заболувања

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците низ Скопје

Редакција

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка достигна 104

Редакција

Нови 43 случаи во Тиквешко, уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница