еМагазин
Бизнис

Дебарски бањи-Цапа со добивка во првите шест месеци

Дебарски бањи-Цапа АД Дебар во шестте месеци од 2022 година од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 12.835 милиони денари, додека во истиот период 2021 година е остварен негативен финансиски резултат од 3,757 милиони денари, информираат од бањата преку Македонската берза.

„Вкупните приходи во периодот 01.01.- 30.06.2022 година изнесуваат 67,511 милиони денари и се зголемени за 42% во соодност со истиот период од претходната 2021 година.

Вкупните трошоци од редовното работење до 30.06.2022 година изнесуваат 54,676 милион денари и се зголемени за 7% во однос на 30.06.2021 година“, велат од бањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати лани имал менаџментот на Дебарски бањи-Цапа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работело друштвото Д-р Пановски лани

Редакција

Радош Вукиќевиќ не е повеќе генерален директор на Тиквеш

Редакција

Ѓорѓи Качурков, претседател на Одборот на директори купи 47.800 акции во РЖ Услуги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница