еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Дебитантот Александар Тодороски победник на Макфест

Александар Тодороски е победникот на 36. издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“.

„Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

„Не ми се верува. Им благодарам на сите, со огромна почит кон фестивалот. Соништата се остваруваат“, рече Тодороски на сцената по врачувањето на првата награда.

Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а третата награда отиде кај младата штипјанка Марија Данева.

Фестивалот и годинава се одржа на отворено, поради здравствените протоколи во „АкваБела ресортот“ или за штипјани стариот Градски базен.

Водители на фестивалот беа Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ.

Макфест 2021 и годинава беше финансиски помогнат од Министерството за култура и Општина Штип, кој е и организатор на фестивалот.

МИА/Фото: Тодороски/Фејсбук/Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 23 лица од Ковид-19, од нив тројца надвор од болница

Редакција

(ВИДЕО) Спектакуларен настап на The Weeknd на „Super Bowl“

Редакција

Нови 473 случаи на Ковид-19 од 3.146 тестови, 74 се реинфекции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница