еМагазин
Image default
Македонија

Дефинитивна одлука за функционирање на градинките во четврток

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките.

– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе почнат со работа градинките.

Филипче посочи дека сите одлуки се носат координирано, што значи дека ако некој остане дома, како што рече, поради потреба да остане дома, ќе се продолжи породилното отсуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учебната година ќе почне онлајн, ама не се знае кога

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустем за „Рекет“ одложен за утре

Редакција

Тачи: ДПА е поблиску до коалиција со СДСМ, отколку со Беса и Алијансата за Албанците

Редакција

6.750 здравствени работници вакцинирани со втора доза, а со прва 13.575 граѓани над 73 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница