еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Декември екстремно топол и просечно врнежлив месец

Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија, месец декември 2022 година, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив месец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средномесечната температура се движеше од 3,8°С во Маврово до 7,8°С во Гевгелија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), декемвриска температура беше 3,4°С повисока од просечната на ниво на држава.

Средната максимална температура варираше од 8,5°С во Маврово до 12,6°С во Гевгелија. Највисоката максимална температура е измерена на 17-ти декември во Битола и изнесуваше 22°С.

Невообичаено високи температури и есенски топлотен бран е забележан од 7 до 12 декември. Во Охрид и К.Паланка беше надминат нивниот апсолутен температурен максимум за декември.

На ниво на држава, апсолутен максимум од 23,6°С во декември е измерен во 1955 година во Д.Капија.

Средната минимална температура варираше од -0,6°С во Берово до 4,2°С во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 22-ри декември и изнесуваше -7,5°С. Најниските минимални температури на сите метеоролошки станици беа над 10 степени над апсолутните минимални температури.

Во декември 2022, месечната сума на врнежи во државата варираше од 27,4мм во Штип до 154мм во Маврово. Врнежите беа претежно од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 53,3мм беше измерено во Д.Капија на 1-ви декември.

Споредено со декемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020) која изнесува 64мм, измерената месечна сума на врнежи беше просечна на ниво на држава, информираат од УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска за коментарите за нејзиниот изглед: Не дека немам попривлечни фотографии во бикини, ама не прифаќам да бидам инспирација на мажите

Редакција

Твитер за бегството на осудениот за напад на Села: „Биланс: 1 киднапиран 37 избегани 78 амнестирани“

Редакција

Една година помалку затвор за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески: Апелација ги намали казните за „Транспортер“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница