еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Декларацијата на СДСМ за Илинденското востание е навреда за македонскиот народ и држава, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја окарактеризира Предлог декларацијата по повод 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република поднесена од пратеничката група на СДСМ како навреда за македонскиот народ и македонската држава.

– Ако ја имате прочитано тогаш знаете дека таа декларација е толку бедно напишана што е навреда за македонскиот народ и за македонската држава и во принцип кога поднесувате таква декларација треба да ја дадете на сите пратенички групи и тие да дадат свои сугестии.

ВМРО-ДПМНЕ има своја декларација во рамки на Парламентот поднесена за Гоце Делчев, која од страна на Владата на ДУИ и СДС беше одбиена, рече Мицкоски во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Прилеп.

За Предлог – декларацијата, како што посочи, имале многу забелешки коишто ќе ги доставеле доколку биле прашани.

Предлог-декларацијата поднесена од пратеничката група на СДСМ е на дневен ред на собраниската седница закажана за вторник.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три месеци 13 нови вработувања во Алкалоид

Редакција

Денеска пресуда за тужбата за клевета на Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Фото) Грчката полиција во близина на Лерин уапси две лица за шверц на дрога од Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница