еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Дел од Осоговските Планини, Студенчишко блато и Водно стануваат заштитени природни подрачја

Владата на последната седница донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата.

Вкупната површина на Заштитен предел – Осоговски Планини изнесува 48.807,16 хектари, a со него ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“.

На оваа Седница, Владата донесе и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со што Министерството за животна средина и просторно планирање ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.

Владата ја разгледа и прифати апликацијата за номинирање на Охридско Езеро за место во Светската Рамсар Листа.

Со тоа, Министерство за надворешни работи во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање ќе може да ја започне постапката и да ја достави апликацијата за номинирање на Охридско Eзеро за место во Светската Рамсар Листа до Секретаријатот на Рамсараска конвенција до крајот на оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Газа има недостиг на сè, па и на вреќи за тела, велат хуманитарните работници

Редакција

Умираат дома: Вистинската слика за починатите од корона вирусот во Италија е многу пострашна

Редакција

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница