еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Дела на македонскиот уметник Златко Крстевски во музеј во Јапонија

На меѓународниот фестивал на модерната карикатура во Саитама, Јапонија, каде се промовира „манга“ културата, со две дела учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски, во селекцијата од 89 автори од 33 земји.

Темата на Фестивалот беше „Тетсудо“ или во превод, железничка станица.

Делата се публикувани во албумот „The Best Cartoons of Nippon“ на 100 страници во боја, двојазично, на англиски и на јапонски, проследени со биографски референци.

Како што информира Крстевски, според директорот на фестивалот Фуми Секигу, секоја година се откупуваат дела за колекцијата на Музејот. Оваа година ќе биде откупено делото на Крстевски.

-Делото беше работено во живописното место Гарбатка Летниско, Полска и потоа беше испратено во Јапонија. Делото содржи надреални елементи, помеѓу сонот и јавето, транспортирани во старата добра локомотива, објаснува Крстевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Крстевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мисијата на ОБСЕ во Скопје промовираше бесплатна телефонска линија за помош при напад на новинари и медиумски работници

Редакција

Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади: „W“ 

Редакција

(Видео) Феноменален дочек на хероите кои со Рено 4 од Стојаково отпатуваа до Ница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница