еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз бара расправа во Собранието за коридорите 8 и 10д и ревизија на досегашните трошоци

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над 20 милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот „Бехтел и Енка“, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата).

„Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата.

Воедно, предлагаме Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа.

На испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП, итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекар од Тетово и двајца адвокати фалсификувале медицински извештаи за да земат пари од осигурителни компании

Редакција

Во Струмичко досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник

Редакција

Бугарите да влезат како државотворен народ во македонскиот Уставот, не како малцинство, бара Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница