еМагазин
Image default
Македонија

Демократскиот сојуз на локалните избори ќе настапи заедно со СДСМ

Претседателството на Демократскиот сојуз (ДС) на вчера одржаната седница донесе одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ, соопштија од партијата.

Демократскиот сојуз, како што се посочува, подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ.

Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани од новите градоначалници и совети на општините и градот Скопје, информираат од партијата.

Потенцираат дека борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи, итн., се само дел од приоритетите.

-Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила. Честит Денот на независноста и да е вечна Македонија!, стои во соопштението.

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски: Од уставно-правен аспект Собранието не може да одлучува преку онлајн апликации

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319

Редакција

Бислимоски: Нападот нема да ме поколеба да работам исклучиво според закон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница