еМагазин
Image default
Македонија

Грција се нуди да посредува во спорот помеѓу Македонија и Бугарија

Како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто уште еднаш ја повторува поддршката на Грција за европската перспектива на регионот.

– По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија.

А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа, вели Дендиас.

На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, шефот на грчката дипломатија одговара дека „иницијатива е многу силен збор“ и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат.

– Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија, истакнува министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Јуроњуз“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За почеток во тетовско ќе се вакцинира против Ковид-19 на два пункта

Редакција

Најчесто кардиоваскуларна болест: 69,5% од починатите од Ковид-19 биле со претходни заболувања

Редакција

Во потешка состојба 42 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница