еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција се уште не ги ратификувала меморандумите со Македонија, оти не и е национален интерес

За трите меморандуми со Македонија, кои сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за грчкиот информативен портал Ин, вели дека секој грчка Влада оценува што е во нејзин интерес, јави дописничката на МИА од Атина.

-Секогаш, секоја Влада оценува кој е националниот интерес и кои карти за преговарање треба да ги држи во свои раце. Така што, мислам дека грчката Влада, новата грчка Влада што ќе произлезе по изборите, за што се надевам и изразувам сигурност дека тоа ќе бидеме ние, ќе го разгледа прашањето и ќе види што е во интерес на Грција, рече Дендиас.

На прашањето дали би се обврзал дека по изборите меморандумите ќе бидат изгласани, посочува дека тоа не е во негова надлежност.

-Пред сè и кога би се обврзал јас, не би било важно, бидејќи ако има обврзување тоа треба да дојде од лидерот на партијата и сегашниот и иден премиер. Јас сум министер, не сум премиер, истакна шефот на грчката дипломатија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акцијата на МВР за заплена на дрога, уапсена и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Аеродром

Редакција

(Видео) Брегзит им донесе триумф на конзервативците на Борис Џонсон на изборите во Британија

Редакција

Кривична за градоначалникот Јакимовски и вработени во Општината, од таму велат дека е полтички мотивирана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница