еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска е големиот христијански празник Прочка: „Прости, и нека ти биде простено“

Денеска верниците го прославуваат големиот христијански празник Прочка или Велики Поклади на кој верниците треба да си простат меѓу себе пред почетокот на Велигденскиот пост.

Смислата на овој празник е со чиста душа, неоптоварена со омраза и лоши мисли да се почне со постите за најголемиот Христијански празник Велигден кој е за седум недели од денеска.

Исус Христос им проштевал на грешниците па дури и на оние кои го распнаа на крст, обраќајки му се на својот татко со зборовите: „прости им Боже не знаат што прават“.

Позната е и случка опишана во Библијата која е екранизирана и во многу филмови. А тоа е, кога толпа луѓе сакаа да каменуваат грешна жена, а Исус кој се најде помеѓу нив им се обрати со зборовите: „прв нека го фрли каменот, оној што е безгрешен“.

Верата не учи дека нема безгрешни луѓе, сите грешиме свесно или несвесно.

Но она што е важно е да си простуваме меѓусебе, бидејќи кога постиме, залудно не јадеме месо, ако го јадеме братот свој со омраза и навреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Верица поклон до земја„: Твитер реакции

Редакција

„Туркиш ерлајнс“ почна да лета од Истанбул до Охрид

Редакција

„Виз ер“ постигна нов рекорд летово, превезе 33 милиони патници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница