еМагазин
Image default
Македонија

Денеска прва седница на Владата предводена од новиот премиер

Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот.

Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

Претседателот на Владата, Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.

Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – за одбрана, Никола Тупанчевски – за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска  – за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска – за култура, Горан Милевски  – министер за локална самоуправа,  Беким Сали –  за здравство, Јетон Шаќири – за образование и наука,  Бујар Османи – за надворешни работи, Фатмир Бесими  – министер за финансии, Крешник Бектеши – за економија, Насер Нуредини – за животна средина, Адмирим Алити – за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи  – министер без ресор задолжен за дијаспората.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, нови 151 случаи на Ковид-19 од 2.335 тестови

Редакција

Во Кичево три нови случаи на Ковид-19

Редакција

Нема старт на преговорите со ЕУ: Блокадата од Бугарија за Македонија останува

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница