еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Денеска активни пет пожари, вчера регистрирани 37

Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК).

Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума), Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума), Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума), Општина Долнени, с.Долнени (ниска вегетација) и во Општина Куманово, кај с.Лубодраг (ниска вегетација).  

За дел од пожарите што загрозувале села вчера се дејствувало и со воздухоплови на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, а некаде покрај противпожарните тимови во одбрана на селата се вклучило и месно население.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?

Редакција

(Видео) Возило на АРМ ќе се вклучи во гаснењето на пожарот во Чаир, кое оди тешко

Редакција

Како 16 партизани од одредот „Гоце Делчев“ го почна народното востание против фашизмот: Македонија го слави 11 Октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница