еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска на „Криволак“ започнува најголемата воена вежба годинава, „Брз одговор 23“

На армискиот полигон „Криволак“ денеска започнува вежбата „Брз одговор 23“, која што е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година, „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.

„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии: САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.

Единиците ќе користат своја формациска опрема и вооружување, а како дел од опремата се оклопни возила од серијата на „HMMWV“ борбени хеликоптери „АН-64 АРАСНЕ“, транспортни хеликоптери „UH-60“ (Black Hawk), транспортни хеликоптери „CH-47“ (Chinook), транспортни медицински хеликоптери „HH-60“ (Black Hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и артилериски орудија „хаубици и минофрлачки”.

Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот Origin, кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнено роботско возило на Командата за развој на воените способности на САД.

Поради заштита на животната средина, во соработка со универзитетската лабораторија Амбикон на штипскиот Универзитет е организирано мерење на суспендирани честички на АП „Криволак“ за цело време на вежбата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Редакција

Лавина реакции: Осуда на сите кои даваат политичка конотација на трагедијата кај Карпалак

Редакција

Над половина од документите во земјава сменети со новото име

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница