еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Денеска нова рунда преговори Украина-Русија

Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА.

Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово.

Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“.

Последните украинско-руски разговори на високо ниво се одржаа во понеделникот, јави ДПА.

Подолјак предвидува дека разговорите за ставање крај на војната ќе продолжат уште неколку недели.

Позицијата на руските преговарачи стана „поразумна“ и пореална, истакна тој, без да даде детали.

Русија сака Украина да остане неутрална земја и да се демилитаризира, како и да ги признае сепаратистичките региони во нејзиниот источен дел како независни држави.

Киев е подготвен на компромис за барањето за неутралност, но инсистира на силни гаранции од Западот за неговата безбедност.

Сепак, украинските власти одбиваат да отстапат по прашањето за територијалниот интегритет на земјата, наведува ДПА.

Украинскиот претседател Зеленски инсистира на средба со неговиот руски колега Владимир Путин. Засега Кремљ одбива да ја разгледа таа опција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сопруга на поранешен украински пратеник се обидела да изнесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра од Украина

Бекам и го остапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинител изврши увид на местото во Пинтија, каде што осумгодишно дете беше нападнато од куче и почина

Редакција

Просечната цена по километар за коридорите 8 и 10д ќе изнесува 12 милиони евра

Редакција

Ученик во скопски Аеродром оди во основно училиште со нож, родителите бараат да се реши проблемот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница