еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно време, со слаб ветер

Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -7 степени Целзиусови, додека најтопло е во Гевгелија со шест степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот -3 степени се измерени во Попова Шапка, Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип и Демир Капија, -1 во Крушево, нула во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Виница и Дебар, а 5 степени во Дојран.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прослава со торта: Боки 13 со цимерите во Идризово

Редакција

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Редакција

(Фото) Заев со сопругата Зорица на одмор во Љубојно: „Дома си е дома“ со богата трпеза и традиционална храна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница