еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Денеска почнува судењето за воени злосторства против поранешниот претседател на Косово, Тачи

Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници.

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени.

На првиот ден од судењето воведниот говор ќе го одржат обвинителите. Потоа, во текот на неделата, воведниот говор ќе го има правниот застапник на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри да учествуваат во судењето.

Тачи (54) поранешен претседател и поранешен лидер на ОВК поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и е во притворската единица на судот во Хаг.

Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на Парламентот, се соочуваат со истото обвинение како и поранешните припадници на ОВК.

Покрај Тачи, за извршени злосторства врз Албанци, Срби и Роми во Косово и во Албанија во 1998 – 99 година обвинети се и членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Обвинението ги товари Тачи (54), Весељи (55), Селими (52) и Красниќи (72) за злосторства извршени во 42 нелегални притворени центри на ОВК во Косово и во Албанија против околу 407 притвореници, од кои најмалку 98 биле убиени во периодот од март 1998 до септември 1999 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори

Редакција

„Фајненшал тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

Редакција

„Неправда, па тоа е неправда“: Најниска плата од 450 евра, побараа работниците на денешниот протест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница