еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветар

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено во сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куче во Кавадарци три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина

Редакција

Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

Редакција

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница