еМагазин
Image default
Спорт

Денеска се одржува Женска Авицена трка: Рекорден број на пријавени кандидати

Денеска се одржува Женска Авицена трка, а има рекорден број на пријавени кандидатки од 2.000 пријавени кандидатки.

Стартната точка е кај фонтаната Лотос на булеварот Илинден во Скопје со почеток во 09 часот.

„Оваа година го срушивме рекордот на пријавени и тоа покажува колку е важно во нашето општество да имаме трки и активности кои сплотуваат. Како и претходните години, така и годинава, оваа трка има натпреватувачки карактер со тоа што на трите најдобри тркачки во генерален пласман и најдобрите три во седум старосни категории ќе им бидат доделени медали и вредни награди“, вели Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Таа додава дека се многу благодарни на компаниите како Fashion Group кои помогнаа во донациите за хуманитарни цели.

Кандидатките кои се пријавија пред 28-ми февруари преку купување на dry-fit маичка донираа по 100 денари за помош на Снежана Караџовска заради остварување на нејзината желба за повторно да прооди.

Оние кои нема да се натпреваруваат или пак сакаат да помогнаат со донација, тоа ќе може да го направат со отворени донации во кутии на 31-ви март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нашите и полициските истраги не најдоа докази за местење натпревари од страна на судиите, велат од Европската ракометна федерација

Редакција

Стојанче Стоилов избран за најдобар спортист на Скопје

Редакција

Нова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава!

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница