Собраниската седница за утврдување на уставните амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа почнува денеска и може да трае најмногу 12 дена, но Џафери е убеден дека овој рок ќе биде пократок.
„Ако на собраниските комисии немаше ништо сензационално, не очекувам да има ни на седницата. Предлагачот, односно Владата, потоа треба да организира јавна расправа и по завршувањето треба до Собранието да испрати извештај за да можат да течат следните рокови“, објасни собранискиот спикер.
Патот за понатамошната конечна промена на Уставот е следен:
- Се поднесуваат амандмани на амандманите на Уставот.
- Претрес на амандманите на уставните амандмани во две Комисии.
- Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани.
- Седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.