еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска започнува меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“

Скопје е подготвено за еден од најзабавните и најинтересни настани во светот на танцот кој ќе се одржи оваа година. Студијата „Eat the beat“ и „Break a leg“ во петок, сабота и недела, 15-16-17.11.2019 година, во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го организираат меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“. Веќе има пријавено над 2.700 учесници од 17 држави кои ќе се натпреваруваат во сабота и недела.

„Танцот е во нашата крв. Тој е од огромно значење затоа што претставува темел врз кој може да се изразуваме емоционално со движење и ритам. Пример за тоа се над 2.700-те пријавени натпреварувачи од 17 држави како Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. Како организатори се погриживме тоа нивно изразување да не биде ограничено од ништо.

Имаме одлична бина, прекрасен простор и осветлување и феноменална организација која што знаеме дека дополнително ќе ги мотивира учесниците, и тие од странство и домашните“, вели Трајче Петковски од скопското студио „Break a leg“.

Петковски додава дека ги поканува сите кои што сакаат подобро да се запознаат со танцот и да навиваат за своите омилени, посебно за македонските учесници, да дојдат во сабота и недела од 09.00 до 21.30 часот.

„Овој меѓународен натпревар го правиме 4-та година по ред и имаме 4 пати повеќе енергија од порано. Секој кој ќе дојде во сабота и недела ќе може да гледа феноменални настапи од хип-хоп до латино и балет. Самиот настан е поддржан и во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и затоа е многу интересен.

Имаме натпреварувачи од најмали до возрасни, од 4 години до 34 години. Најискрено се надеваме дека Dance OFF повторно, исто како изминатите 3 години, ќе поттикне многу луѓе да се впуштат во светот на танцот.

Тој носи многу придобивки, како на здравствен и развоен план така и на друштвен, посебно кај децата. Ние го гледаме тоа секој ден“, порачува Илија Карадакоски од „Eat the beat“.

Тој изразува искрена надеж дека оваа година ќе биде уште еден пример за наредната, создавајќи предизвик кој со сигурност ќе го надминат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Едукација за Другаризација – во недела, 16.12.2018, совети за тоа како да се намали врсничкото насилство

Редакција

НЛБ Банка прва на пазарот овозможува користење на електронски идентитет во соработка со Mastercard

Редакција

Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница