еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Денис Јанкуловски ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски на јавноста попознат како Космонаутко, ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“.

-Книгата „Авантурите на Космонаутко“ е еден вид дневник во кој се собрани голем број случки кои јас ги доживева на терен, односно цело време додека траеше пандемијата со Ковид-19.

Долго време во етерот провејуваше „абе Денко, треба книга да напишеш“ и едно попладне, во една комуникација всушност и започна реализацијата на тоа, секако дека беше и моја желба, но секогаш велам дека за да се оствари нешто треба сите коцки, сите чинители да се спојат и потоа се` само си доаѓа, вели Јанкуловски за еМагазин.

За да дојде до овој финален производ, како што вели тој, „виновни“ во најпозитивна смисла се Марија и Дејан Трајкоски од издавачката куќа „Прозарт медиа“, кои во целата оваа прекрасна ситуација дополнително дале своја енергија, вољја, огромна желба, авантурите да бидат еден вид пишано сведоштво за оној период кој никој не посакуваме да се врати.

-Мојата драга пријателка Весна Костовска даде свој придонес во лекторирањето на делото.

И еве, на мое огромно задоволство мојата книга или како што Прозарт медиа најавија – првото прозно дело ја виде светлината на денот токму на Саемот на книгата.

Шести мај 2023 година ќе остане засекогаш врежан во мојата меморија затоа што на овој ден на Саемот споделив доста автограми и посвети на книгата.

За 27. мај ја подготвуваме официјалната промоција која најверојатно ќе се одржи во МКЦ, но секако дека навремено ќе известиме за сите детали поврзани со тоа. Она што со сигурност можам да го најавам е дека тоа ќе биде необична промоција на која покрај со случките ќе другаруваме и со некои од моите бројни необични другарчиња, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денис Јанкуловски Космонаутко: Желбата да помагам ме води низ животот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи до Димитров: Со Бугарија имаме политички моментум, нефер е истиот да се загрозува

Редакција

Османи во Собрание да ги презентира одговорите кои Македонија и ги дала на Бугарија за „план 5+1“, побара опозицијата

Редакција

9 лица од 101 кои во последните две недели починале од Ковид-19 биле вакцинирани и имале повеќе хронични заболувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница