еМагазин
Свет

Денвер стана првиот град што ги декриминализира халуциногените печурки

Американскиот град Денвер стана првиот град во земјата што ќе ја декриминализира употребата на халуциногени печурки, откако жителите ја прифатија иницијативата на референдум. Во корист на декриминализацијата гласаа 50,6 отсто од гласачите наспроти 49,4 отсто кои беа против.

Со новите правила се укинуваат ограничувањата за лична употреба и поседувањето на „магичните“ печурки на лица до 21 година. Оваа мерка не значи дека е законско купувањето, продавањето или одгледувањето на печурките, туку предвидува инструкции за полицајците за третирање на корисниците со најнизок приоритет.

Со декриминализација на психоактивната супстанца Псилоцибин, која се наоѓа во халуциногените печурки Денвер ја продолжува својата либерална политика за дрогите, откако во 2012 година ја легализираше употребата на марихуаната.

Организаторите на кампањата за легализација на Псилоцибин, велат дека целта е
луѓето да не завршуваат во затвор поради користење дроги во борбата против депресијата, анксиозноста, посттравматски стрес и други состојби.

Псилоцибинот е забранет од 1960 година, а одделни експерти предупредија дека може да се користи само под медицински надзор, бидејќи може да предизвика параноја и анксиозност.

Сојузната Влада го класифицираше псилоцибинот како дрога од прв ред, од која нема медицинска корист. Магичните печурки кои ја содржат оваа супстанца се користеле во верските ритуали на староседелците во Америка поради нивното влијание врз перцепцијата и духовните искуства.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Украина загина и 24-годишна новинарка на американската телевизија Фокс њуз

Редакција

Изминатата ноќ во Украина: Гранатирани Харков и Киев, жестоки борби и стотици загинати во Мариупол, Херсон падна во „руски раце“

Редакција

По шест квартали дефицит, ЕУ оствари трговски суфицит од една милијарда евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница