еМагазин
Image default
Македонија

Дескоска: Очекувам Џолев да протестира за застарените предмети во неговиот суд

Многу е лесно да протестирате и да дадете поддршка на некој што протестира. Многу е потешко да протестирате за морални вредности, изјави попладнево министерката за правда Рената Дескоска, коментирајќи ја денешната постапка на претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев кој јавно даде поддршка на протестот на судската администрација.

– Јас искрено очекувам претседателот на Кривичниот суд во Скопје да излезе со протест, влијание врз своите колеги зошто некои судења не се закажуваат по три месеци, зошто застаруваат предмети во неговиот суд. Тоа се дилеми и прашања кои ги поставува јавноста и за кои очекува одговор. Тоа се прашања кои јавноста ја интересира. Инаку многу е лесно да протестирате и да дадете поддршка на некој што протестира, рече Дескоска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата свикана по денешниот протест на судската администрација.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција

Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум од страна на Џафери е само купување време

Редакција

Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница