еМагазин
Image default
Македонија

Македонија нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадиција на Груевски од министерство во Унгарија

Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, одговори на новинарско прашање министерката за правда Рената Тренеска-Десковска, на денешната прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

-Сепак, оние пристојни рокови за одговор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури кои што се спроведуваат. Сакам да напоменам дека, досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај – рече Тренеска Дескоска.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

175 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Нема промена на позициите на Македонија во поддршката на Украина, велат од МНР

Редакција

Османи во прва официјална посета на Саудиска Арабија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница