Заклучно со септември, годинава од вкупно 101 компанија што котираат на Македонската берза добивка оствариле 72, а загуба 29 со загуба.
Овие 72 компании оствариле вкупна добивка од 13,1 милијарда денари, што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивка оствариле 75 компании, но таа изнесувала 9,3 милијарди денари.
Загубата на 29-те компании во првите девет месеци од годинава изнесувала 962 милиони денари, што е исто така зголемување во однос на истиот период минатата година кога загуба оствариле 26 компании, но таа изнесувала 796 милиони денари.
Детален преглед на компаниите добитници и губитници ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ пет компании од Македонската берза со најголем профит