Вкупно увезени количини на нафтени деривати во земјава во 2018 година изнесуваат 987.662 тони, што е за 0,68 % повеќе во однос на увезените количини на нафтени деривати во 2017 година (980.956 тони), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика.
Најголем увозник е ОКТА Рафинерија на нафта АД Скопје која учествува со 76,69%, потоа следи Лукоил Македонија ДООЕЛ – Скопје со 10,70%, ОМ Петрол Скопје со 3,61% и останатите трговци со 9% учество во вкупниот увоз на нафтени деривати во 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали со новите цени на горивата, буџетот се полни на сметка на граѓаните и компаниите
Од понеделник цената на бензините ќе се утврдува по нова методологија