еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 540 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 26 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 73 во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18 во Кичево 8, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири се вакцинирани: Од Ковид-19 починаа 7 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Редакција

Државата треба да му плати 6.100 евра на Јанакиески за притворот за „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница