еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 613 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 613 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 89 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 80 во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 38 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39 во Кичево 20, Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.072 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски државјани и фирма од Тетово осомничени за обид да избегнат плаќање акциза

Редакција

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Редакција

Петков: Палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“ е обид за провокација и дестабилизација на нашите односи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница