еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники  имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 4 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Вкупно 578 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова влада на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди„ и ЗНАМ до 20. јуни, најавува Милошоски

Редакција

Македонија дел од најголемата мултинационална воена вежба во Европа, „Defender Europe 23”

Редакција

45,7% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница