еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 961 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 151 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 90 болни, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 90 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 25, Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

Редакција

Став на македонистите за едностраната изјава на Македонија: Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик

Редакција

Ахмети: Сите на див начин, како волци, организираат пропаганда против ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница