еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.

Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали Груевски ја почнал процедурата за азил, уште пред да избега?

Редакција

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници: Желба за вакцинација изразиле над 91.000 граѓани

Редакција

Ванхојте се врати во Македонија, ќе ги „турка“ уставните измени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница