еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа на Инфективната клиника примен е 1 пациент заболен од Ковид-19. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 1.194 лица кои боледувале од Ковид-19

Починаа уште 20 лица од Ковид-19, вкупно 1.156

Нови 515 случаи на Ковид-19 од 1.293 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги потврди пресудите за Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет”

Редакција

Зголемување од 26,4%: За една недела нови 6.899 случаи на Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот без јасни гаранции од бугарскиот Парламент

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница