еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детален преглед низ Македонија: Во Гевгелија и Кавадарци вакцинирано половина од населението

Вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина, информираат од Министерството за здравство.

“Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3%, каде половина од населението е веќе вакцинирано.

48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%.

Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип.

Помеѓу 20-30% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струга, М.Брод, Струмица, Тетово и Радовиш, а 19.9% опфат во Гостивар.

Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марјана Илиеска стана нов член на Советот на јавните обвинители

Редакција

Не патувајте во Либан, тие што се таму да ја напуштат земјата, повика МНР

Редакција

Нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, бројот на активни случаи е 425

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница