еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителството за убиството во Струга: Со повеќе убоди од нож и пресудил додека биле на гости кај пријатели

Телото на стружанката што синоќа со нож ја уби сопругот, ќе биде дадено на обдукција, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга извршил увид во станот во Струга каде била лишена од живот жена на возраст од 34 години.

„Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели, каде сопружниците биле во посета“, соопшти Јавното обвинителство.

Од местото на настанот, како што е наведено во информацијата, биле прибрани траги докази за вештачење, а ќе бидат испитани и сведоците на случувањата.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот“, појаснуваат од Обвинителството.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

Убиството се случило на улицата „Ристо Крле“ при расправија на сопружниците, С. Р. (1987) и Ј. Р. (1982) при што сопругот со повеќе убоди од нож ја усмртил пет години помладата партнерка, а потоа се обидел да се самоубие.

Настанот во полиција бил пријавен во 19 часот и 15 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиство и обид за самоубиство во Струга: Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, се ограничува капацитетот во јавниот превоз

Редакција

Над 300.000 работници може само да сонуваат просечна плата

Редакција

Грција се жали на неспроведување на Договорот од Преспа

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница