еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали за земјотресот од Сеизмошока опсерваторија при ПМФ

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека синоќа регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.

Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути бил со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Македонија и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.

Во централниот дел од земјава беше почувствуван со интензитет од IV степени, а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени.

Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на земјава со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Предивикал напукнување на ѕидови во некои објекти: Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево

Силен земјотрес во Лерин, почуствуван и во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Јусуф Зејнели, кој е избран за ректор на Универзитетот во Тетово

Редакција

(Видео) НП Маврово слави 70 години: Убавината каде што се раѓаат нови водопади и дивите животни си прават селфи

Редакција

Захариева не го бендиса предлогот што денеска во Софија и Скопје го носат Силва и Вархеји

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница