еМагазин
Image default
Македонија

Детското одделение во струшката болница ќе се спрема за болни од Ковид-19

Предвидениот капацитет од 10 легла на Интерното одделение за пациенти болни од Ковид-19 во Струшката општа болница одамна е пополнет.

Во моментот, како што информира директорот на Болницата, Мухамед Асани, хоспитализирани се 18 лица позитивни или со сипмптоми на коронавирусот.

На овој оддел, како што појасни, има 32 кревети, кои доколку се потполнат, ќе се прави преадаптација во други одделенија.

– Доколку се потполнат предвидените легла на Интерното одделение, ќе го преадаптираме Детското одделение. Секогаш имаме резервна опција, вели директорот.

Уште еднаш упати апел да не се шири страв кај граѓаните на Општина Струга и оти се подготвени за поголем број пациенти позитивни на Ковид-19. Доколку е потребно, најави и преадаптација и на други оддели.

Асани нагласи дека во болницата се вршат сите редовни прегледи, ако е потребна хоспитализација ги хоспитализираат, а потешките случаи се транспортираат на Инфективната клиника во Скопје.

Од почетокот на пандемијата во Струга и струшко починале 75 лица како последица од компликации од коронавирусот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Редакција

Една прифатена и три одбиени тужби поврзани со изборите

Редакција

ЕУ заклучоците за цел западен Балкан блокирани поради барања на Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница