еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Девалвација на еврото во Албанија поради туристите и илегално внесените пари

Заедничката европска валута, еврото, вчера го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.

Според официјалниот курс на Централна банка на Албанија, еврото се разменуваше за 104,85 лека со што е соборен рекордот поставен на 9 јуни од 105,6 лека.

-Централната банка планира операција во четврток за откуп на валути од 5 до 9 милиони евра од пазарот. Останува да видиме дали ќе има влијание, наведуваат медиумите.

Додаваат дека туристичките текови, но и „илегално внесените пари континуирано ја девалвираат европската валута, погодувајќи ги извозниците, но и резервациите во евра за летување“.

Според банката пак купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.

Во првите месеци од годинава еврото се разменуваше со 122 лека.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот актер Биковиќ исклучен од снимањето на серијата „Белиот лотус“ – „обвинет“ дека е на руска страна во војната со Украина

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со “Елмонд електро“ вреден 633,1 илјади евра

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Машинкоп“ вреден 14,6 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница