Седумнаесет годишно девојче синоќа се удави во Вардар, откако паднала во реката, околу 19 часот, бегајќи од куче скитник, во близина на болницата во Гостивар, потврди МВР.
Нејзиното тело е извлечено од водите на реката Вардар кај Балиндол, Гостиварско, синоќа околу 22 часот.
Телото го пронашле жителите на селото, а го извлекле полициски екипи.
Девојчето, како што објавија медиумите, било од селото Здуње.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште
Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши