еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел – усвоена Декларација за исчезнати лица

Во Брисел започна нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, а на неа присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.

Делегациите на Белград и Приштина ја усвоија Декларацијата за исчезнати лица во Брисел, а во тек се разговорите за Заедницата на српски општини (ЗСО).

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека статутот на ЗСО мора да биде прифатлив за двете страни и во согласност со европските стандарди.

-Управувачкиот тим ќе го претстави нацртот. Не знаеме што има во него, но тоа треба да биде почеток на процесот. На крајот треба да имаме статут кој е прифатлив за двете страни, и за Косово и за Србија, во согласност со европските стандарди. Тоа е првиот важен чекор, изјави Лајчак за хрватската новинска агенција Хина.

Тој посочи дека ова е првпат да се види работата на Управувачкиот тим, кој го сочинуваат четири лица стационирани на Косово, кои беа формално ангажирани од косовската владата, но беа предложени од општините со мнозинско српско население.

Тој повтори дека ЕУ не сака да создаде ЗСО врз основа на модел кој досега не бил тестиран во светот, туку врз основа на некои од постоечките европски модели.

МИА/Фото: Твитер/Борел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК наместо да моли да казнува за предвремената кампања на Пендаровски и Силјановска

Редакција

Бројот на онколошки пациенти ќе биде уште поголем бидејќи скринингот не функционира во пракса, велат од Клиника за онкологија

Редакција

(Видео) „Ме сакаш кога ме нема“, нов хит од Лара Иванова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница