еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение, велат од Влада

Денеска во Владата продолжи дијалогот помеѓу синдикатите и претставници на Владата за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата, информираат од Владата.

Претставниците на синдикатите се сретнаа со заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

„Вицепремиерот Битиќи на почетокот на состанокот посочи дека дијалогот во никој случај не е прекинат. Преговорите во последниот период се водеа по гранковите синдикати и надлежните Министерства, како и дека Владата останува на ставот дека усогласување на платите треба и ќе има, но во тој процес никако не смееме да заборавиме на моменталната ситуација, солидарноста и секако ефективноста на јавната администрација,“ информираат од Влада.

На состанокот било најавено и дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на дефинирање на моделот за плати кој ќе осигурува раст на платите на долг рок и методологија која ќе ја следи продуктивноста на вработените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени се 1.491 болни од Ковид-19

Редакција

Како марихуаната била украдена во Јосифово и како стигнала до Арачиново, детали од Обвинителството

Редакција

Нови 115 заболени од корона вирусот од 1.032 тестирања, најголем број во Скопје 53

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница