еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Дијаспората и сврте грб на Владата за референдумот за името

Македонската Влада очигледно не успеа да ги анимира македонските граѓани што живеат во странство да излезат на гласање на референдумот за името ако се земе предвид дека на вчерашната седница на ДИК, беше соопштено дека за референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија се пријавени вкупно 2.855 гласачи, од кои прифатени се 2.755.

Одбиени се 100 пријави со образложение дека дел од лицата кои ги поднеле имале истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија. Поради тоа, појаснија од ДИК, немаат право да гласаат.

Најверојатно гласање во дијаспората ќе има во 33 дипломатско конзуларни претставништва. Најмногу се пријавиле во Берн – 321, во Венеција – 258, Љубљана – 217, Брисел – 71, Рим – 51, Вашингтон – 45, Абу Даби – 26…

Иселениците кои се пријавиле да гласаат во некое од македонските ДКП нема да можат да гласаат во Македонија доколку допатуваат во земјата.

Инаку во Избирачкиот список како иселени се запишани околу 87 илјади лица. Гласањето во дијаспората, кое треба да се спроведе на 29 септември, ќе чини околу 200 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Американскиот амбасадор Бејли и рускиот Баздникин заедно на прослава на компанијата ЕY

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Европската комисија најави санкции за Косово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница