еМагазин
Image default
Македонија

Од обработени 13%, според ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов

Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со 59,66 проценти.

Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од гласањето на вториот круг од Локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу шест проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ, пред Беким Сали од АА/А, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ и во Карпош води Стевчо Јакимовски од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието има двотретинско мнозинство за уставни измени, ама нема политички договор

Редакција

Втор ден протести пред Собранието против уставните измени

Редакција

Од денеска до вторник прв уписен рок за средните училишта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница