еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Излезноста до до 11 часот е 14,18%

Излезноста на гласачите до 11 часот е 14,18 отсто. Вкупно на гласање во 44 општини каде што се гласа во вториот круг на Локалните избори своето право на глас го искористиле 160 035 граѓани, соопшти претседателот на Давната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Гласањето, според него, се одвива без проблеми и со уредите за биометриска идентификација на гласачите.

По општини во Ранковце на гласање излегле 38,2 отсто од гласачите, во Вевчани 31,24 отсто, во Демир Капија 30,14 отсто, во Пехчево 28,44 отсто, во Конче 26,74 отсто, во Демир Хисар 25,19 отсто, во Кратово 25,12 отсто, во Пробиштип 24,75 отсто и во Лозово 23,51 отсто.

Многу мала излезност, како што соопшти, има во Сарај 5,19 отсто и Боговиње, 6,8 отсто.

Повеќе од еден час прекини имало на три избирачки места во Скопје и на три места во Сарај, едно место во Карпош, едно место во Чешиново Облешево, и на едно место во Зелениково.

Според Даштевски, во терминалите за биометриска идентификација немало сигнал на картичката за меморија. Се работи за по три избирачки места во Центар и во Сарај, но таму проблемот е надминат.

За да не се враќаат гласачите, Даштевски информираше дека ДИК донела одлука да се гласа на класичен начин, но во меѓувреме гласањето продолжило со идентификација со уредот. Онаму каде што имало прекин ќе се продолжи гласањето.

-Во цела Македонија работат нормално уредите откако се средија овие со картичката. Немаме други неправилности и гласањето се одвива нормално, рече претседателот на ДИК.

Даштевски, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека ДИК прифатила 109 приговори од гласачи, а 65 се одбиени. Во меѓувреме, имало уште 84 приговори што се испратени до општинските изборни комисии. Од тие 72 прифатени, а осум одбиени, информираше претседателот на ДИК.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стоковите резерви на државата се полни, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго, вели Пендаровски

Редакција

Антикорупциска: Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување потпишувал документи откако му истекол мандатот

Редакција

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница