еМагазин
Image default
Локално

Дилер им правел проблеми на полицајци при претрес

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево, информира МВР.

При претрес извршен во неговиот дом на 23-ми минатиот месец, пријавениот започнал да ги попречува и ги оттурнувал полициските службеници во преземнањето на службените дејствија, а во еден момент од кујната земал две кеси со опаковки со бела прашкаста материја и се обидел да ги исфрли во тоалетот. При претресот, пронајдени и со потврда одземени се 25 помали паковки со бела прашкаста материја, три цвета растителна материја и 188.100 денари.

Од добиеното вештачење извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека во 25 паковки има опојна дрога кокаин а цветовите-растителниот материјал се марихуана. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена а потоа е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Скопје“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

При претрес му пронашле 5,5 килограми марихуана и пиштол

Редакција

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

Редакција

Прилепчанка тешко повредена по удар од товарно возило

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница