еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Димитриос Пасхос е нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори

Одборот на директори на ОКТА АД Скопје донесе одлука со која го назначи Димитриос Пасхос за нов вршител на должност извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор на компанијата, информираат од таму.

Истовремено, досегашниот главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ ја презема функцијата претседател на Одборот на директори на компанијата.

Дополнително, воведена е нова позиција – заменик претседател на Одборот на директори на која е назначен Василиос Багиокос, неизвршен и независен член на Одборот.

Новиот главен извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос е магистер по меѓународни финансии кој одлично ја познава компанијата и состојбите на домашниот и глобалните енергетски пазари, со оглед на тоа што до неговото назначување на новата функција тој ја извршуваше должноста директор на финансии и администрација на ОКТА, на која беше назначен во јули 2019 година.

До именување на нов директор на финансии и администрација, Пасхос ќе продолжи да ја извршува и оваа функција.

Од почетокот на 2020 година, Радовиќ уште успешно ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА.

Дополнително, Одборот на директори избра тројца вршители на должноста членови на Одборот на директори и тоа: Дионисиос Роутсис, неизвршен член на Одборот на директори, Димитриос Пасхос, извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор и Теодора Петроула, неизвршен и независен член на Одборот на директори.

Одлуките стапуваат на сила на 24. јули 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Овој пат влогот е голем“, рече Димитров за евентуален договор со Бугарија на панел на Форумот Делфи, на кој приствуваше и Вархеји

Редакција

За оштетените граѓани од „Еуростандард банка“ ќе се бара решение преку институционален пат

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на општина Кичево за набавка на три автомобили вреден 33.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница