еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров ја „подбра“ Захариева: Паушално да се оцрни соседот, не е ниту пријателски ниту европски

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров ја оцени како скандалозна невистина изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева дека нашата држава има под 50 отсто усогласеност со заедничката и надворешната политика на ЕУ.

„Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%:

“On common foreign and security policy (CFSP), the country aligned – when invited – with 84 out of 91 High Representative declarations on behalf of the EU and Council Decisions, representing an alignment rate of 92% in 2019.”

Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци.

Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски,“ напиша Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција

Намалување од 40,6%: Минатата недела 635 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници, најави Бектеши

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница